СДСМ: Груевски ќе биде виновен, ако Македонија ја изгуби препораката од ЕУ

by Фокус

Нема да помине никакво оправдување на Никола Груевски, за црното сценарио што и го приредува на Македонија, ако земјава ја изгуби препораката за ЕУ, смета СДСМ.

– Ако Македонија ја изгуби препораката за преговори, слушна Груевски и од најповиканите, виновен ќе биде лично тој. Курири и филмови веќе не помагаат. Материјалите од Вистината за Македонија покажаа кој се пазари за името со Грци, лично Сашо Мијалков, лично првиот братучед на Груевски. Граѓаните разбраа и за договорите за амнестии, јазик , знаме, лично наложени од Груевски.
Овој човек сега се обидува да креира меѓуетнички тензии и да ја загрози иднината на државата само затоа што се плаши од министер за внатрешни работи со полни ингеренции, како што стои во Договорот од 2 јуни / 15 јули – се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости