Малолетно девојче, ученичка во средно училиште во Куманово, во четвртокот била грабната, за време на големиот одмор. Како што информираат од полицијата, жител од село Лојане, општина Липково, пријавил дека била грабната ученичка од училиштето „Перо Наков“ во Куманово.
-Околу 10 часот, за време на големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанал автомобил а од него излегол Р.З. Тој, со уште едно лице и се заканиле, по што со употреба на сила ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото. Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека по некое време девојчето се освестило на напуштено место, а грабнувачите веќе биле заминати. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Наредниот ден, во петокот, пак родител од Дебар пријавил дека неговата 15-годишна ќерка не се вратила од училиште. Од полицијата истакнуваат дека трагаат по девојчето.