Кичевчанка починала откако дрвото кое го сечел сопругот и паднало врз глава

by fokus 14:15
14:15

Во несреќен случај, во кичевското село Драговдол, вчера починала 70-годишна кичевчанка, откако дрвото кое го сечел нејзиниот сопруг и паднало врз глава.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила во местото викано „Убрега“, околу 10 часот. Од ударот, В.К. починала на лице место.

- Advertising -

-Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС-Кичево и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција, велат од МВР.

Поврзани новости