Средношколец од средно училиште во Гази Баба е осомничен дека украл осум лаптопи од училиштето каде учи и ги продал пред да го фатат. Полицијата ги нашла компјутерите во продажен објакет на Партизанска, а против малолетникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „кражба“.
„На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери. По преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот“, соопштија од МВР.
Од таму додаваат дека предметите биле вратени во училиштето.