И сето она против кое се бориме, се обидуваме да го смениме, притоа губејќи денови, време, живци и пари, жртвувајќи пријателства и правме отстапки за крајна цел – оваа наша држава ја преставме или се обидуваме да ја подигнеме на едно повисоко умерено, вие тоа ни го сведувате на реакција со подигнат среден прст!
Господине Пишев, многумина овој ваш вулгарен гест ќе го земат како зафрканција, како чудење, а и зезање, но што всушност се крие зад тој ваш среден прст?
Тој ваш среден прст е показател на една голема вулгарност и непочитување, збир на работи во едно општество кое ја убиваат културата и умереноста и моралните принципи ги закопуваат уште подлабоко во земја.
Некој за вас гласал господине Бишев, го дал својот удел надевајќи се дека вие како негов преставник ќе му овозможите подобар живот, а вие господине Бишев му покажавте среден прст. Засрамете се! Вие не заслужувате да бидете во парламентот. Вие не заслужувате да одлучувате за мене, не заслужувате со тој среден прст да го стиснете копчето за глас при промена и усвојување на закон, при решавање на проблеми што навистина не засегаат.
И штета е што никој доблесен од вашите соопартиици не се обиде да ве укори ниту јавно да ви укаже дека тој гест е понижувачки, дека тој гест е навредлив и дека за тој гест треба да се извините.
Да ни се извините нам, граѓаните, да му се извините на претседателот на собранието, на опозиционерските пратеници, на службениците што работат таму, а пред да и се извините на својата партија. Но искрено, не очекувам да се извините, ниту пак очекувам некој да ве укори и занкционира за тоа, ама очекувам од народот никогаш повеќе да не ви даде можност да бидете дел од било која, било каква пратеничка група. Вие господине Пишев сте се она што е погрешно во ова општество, и наместо да служите за пример како треба, вие стоите исправени како срден прст преставуваќи пример како не треба и како не смее да биде!
Затоа сум и среќен што набрзо ќе се распушти собранието и се надевам во иднина дека таквите како вас ќе немаат веќе можност, прилика и шанса да стапат во него и да го преставуваат народот.