Димитриев убеден дека има услови за фер избори на 5 јуни

by Фокус

Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска по посетата на ДИК изјави дека има повеќе од доволно време за ДИК да го прочисти Избирачкиот список до 5 јуни.

-Денеска завршува процесот на валоризација на базите со податоци. Може да се почне со вкрстената проверка на базите уште од денеса или најдоцна од утре. Ај-ти експертите кои досега ги има ангажирано ДИК предвидуваат вкрстената проверка да трае од 7 до 10 дена, а потоа следи теренската проверка што значи дека имаме многу извесна ситуација дека на време ќе биде прочистен Избирачкиот список, образложи Димитриев.

Тој дополни дека членовите на ДИК го увериле дека дополнителниот временски рок што го добија со поместување на рокот за одржување на изборите е доволен за да се постигне сè што е обврска на ДИК.

Поврзани новости