Стечај и ликвидација за Добрево и Тораница

by Фокус 21:09
21:09

Собранието на доверители не го прифати барањето на фирмата Лајф Стоун за стечај по пат на реорганизација на рудниците Добрево и Тораница и враќање на долговите на претходните сопственици во рок од  четири години. Наместо тоа, Собранието на доверители во штипскиот Основен суд одлучи стечај по пат на ликвидација.

Според претседателот на претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристески, ова е најлошто решение за над 850  семејства, бидејќи стечајот по пат на ликвидација значи дека рударите нема наскоро да се вратат во јамите, а надоместок ќе  земаат само до овој месец.

Според претседателот на Собранието на доверители, Тони Тоневски, пак, прифаќањето на стечај по пат на ликвидација за двата рудника значи и нивно побрзо рестартирање.

- Advertising -

Поврзани новости