Средба Заев – ЗНМ: Без слободни медиуми нема фер избори

by fokus 19:41
19:41

Без медиумски реформи не може да се обезбедат услови за фер и демократски избори. Ова е заклучокот од денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со претставниците на Здружението на новинарите на Македонија.

„Во оваа фаза на разговори ВМРО-ДПМНЕ сè уште се противи на можните решенија што значат овозможување на медиумите слободно да ја извршуваат својата вистинска и значајна улога во општеството.Од суштинско значење е да се овозможи Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја извршува улогата на регулатор во медиумската сфера, а МРТВ да биде вистински јавен сервис во интерес на објективно, непристрасно и избалансирано информирање на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ за средбата.

ЗНМ пак, уште еднаш го реафирмираше ставот дека нема да поддржи половични решенија, кои суштински нема да ја подобрат состојбата со слободата на изразувањето и независноста на медиумите. Беше изразена загриженост и за ескалацијата на насилтвото против новинари и отсуствот на подготвеност на надлежните институции да ги казнат напаѓачите.

Поврзани новости