Средба Заев-Жбогар: СЈО е патот до правдата

by fokus 20:56
20:56

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со новиот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Според партиското соопштение, на средбата било заклучено дека кризата во државата мора да заврши со избор на легитимна Влада којашто ќе се посвети на потребните реформски процеси во интерес на граѓаните.

- Advertisements -

-Ние сме убедени дека на изборите во декември што мора да бидат фер и слободни ќе се случат промени што ќе отворат пат за подобар живот на граѓаните и перспектива на Македонија- порачал Заев.

На средбата била нагласена и работата на Специјалното јавно обвинителство како клучната улога во обезбедувањето пат на правдата и правната држава.

Поврзани новости