Одложено судењето на Божиновски, новинарот продолжува да штрајкува со глад

by fokus

Судско рочиште против притворениот новинар Зоран Божиновски, како дел од случајот „Шпион“, денеска повторно беше одложенo.

Како што соопштија од Кривичниот суд, судијката што го води предметот Сандра Крстиќ од лични и семејни причини побарала да биде прераспоредена во друг оддел, како не би дошло до одолговлекување на судските постапки и итно постапување на притворските предмети. На нејзиното место е префрлена да постапува по предметите судијката Ленка Давиткова.

На ова реагираа од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) кои обвинија дека судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски непотребно се одолговлекува.

-Новинарот Божиновски веќе две недели штрајкува со глад со барање да му се укине притворот, а судот денеска по втор пат го одложи судењето поради лични и семејни прилики на судијката Сандра Крстиќ. Со упорното одбивање да го укине притворот за Божиновски судот применува двојни аршини. Не изрекува притвор за поранешни владини функционери осомничени за тешки кривични дела, а без сериозна причина скоро шест месеци држи во притвор новинар. Со тоа притворот не служи за непречено одвивање на постапката, туку прераснува во казна –  велат од ЗНМ.

Минатата недела од ЗНМ инфомираа дека Божиновски иако една недела штрајкувал со глад во притворот во Шуто Оризари, ниту неговиот адвокат ниту Народниот правобранител не биле известени од управата на затворот и покрај неговите барања.

Првиот човек на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани информираше дека Божиновски за една недела изгубил 20 килограми и дневно примал два пати инфузија за да се одржи во живот.

Божиновски, преку својот адвокат тогаш порача дека или судијката Сандра Крстиќ ќе го ослободи или тој бил решен да му заврши животот во притвор.

 

Поврзани новости