Џафери за НОВА: ДУИ ќе ја поддржи иницијативата на Јанева

by fokus

-ДУИ нема никаков проблем да поддржи иницијатива не на Катица Јанева, туку на било кој, која значи подобрување на ситуациите и расветлување на дилемите во случаите на СЈО, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери во интервју за НОВА.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева неколкупати апелираше до Собранието да донесе измена во законот за заштита на сведоци, за да може подлабоко да навлезе во случаите „Монструм” и „Сопот”.

Освен тоа, Јанева побара и да се продолжи мандатот на СЈО и да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, барањата на Јанева се неуставни и спротивни на законот за СЈО. Лидерот на партијата Никола Груевски минатата недела изјави дека неговата партија нема да ги прифати барањата на Јанева.

Поврзани новости