427
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со францускиот амабасадор Кристиан Тимоние, со кого разговараше за приоритетите на новата Влада, како и за отворањето на перспективите кон Европската Унија и НАТО.
Премиерот изјави дека новата Влада е подготвена за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евро-атлантските интеграции на Македонија.
Тој изрази очекување дека посветеноста кон реформите ќе биде охрабрување за сите граѓани, за бизнис секторот во Македонија, за странските инвеститори да вложуваат во Македонија со своите капацитети и со своето знаење, со што ќе придонесат кон развојот на економијата во Македонија.