Ванчо Шехтански си даде неотповиклива оставка

by fokus 15:31
15:31

Директорот на Државниот инспекторат на локалната самоуправа, Ванчо Шехтански, даде неотповиклива оставка. Тој ја поднел својата оставка вчера, објаснувајќи дека е нелогично да носи одлуки во време кога има нов владин состав.

„Сметам дека со оглед на тоа дека сум именуван од претходен владин состав, нелогично е да носам одлуки во време кога има нов владин состав и нови кадровски решенија кои е логично да одлучуваат и да ја водат институцијата во иднина“, пишува Шехтански во својата оставка.

- Advertisements -

Шехтански во 2009та година е назначен за прв директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а од септември 2010 е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Поврзани новости