Средба Заев-Кундурос: Грција ни дава голема поддршка во евроинтеграциите

by Fokus 13:05
13:05

Македонија и Грција преку пријателството промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, констатираа премиерот Зоран Заев и новиот грчки амбасадор во земјава Русос Кундурос на денешната средба во Владата.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството меѓу двете земји, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.

- Advertisements -

-Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи, се вели во соопштението.

На средбата, како што се наведува, посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.

-Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка, рече премиерот Заев.

На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.

Поврзани новости