659
Денеска во Брисел Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој вчера имаше средба и со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.
„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза“, соопшти Кабинетот на претседателот.