Турците урнаа руски авион

by Фокус 12:02
12:02

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот Су-24 е соборен на границата меѓу Турција и Сирија.

Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случило со нив.

- Advertisements -

– Су-24 на руската авијација паднал на територијата на Сирија по истрелување ракета од земја. Авионот се наоѓал во воздушниот простор на Сирија на висина од 6.000 метри, се наведува во соопштението.

Двајца пилоти најверојатно успеале да се катапултираат, и да го напуштат леталото пред експлозијата, а според некои информации едниот од пилотите го заробиле сириски бунтовници.

Воениот авион, што Турција го собори на границата со Сирија е леталото Су-24 од руско производство, соопштија извори од претседателството на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил информиран за случајот од страна на началникот на Генералштабот на армијата генерал Хулуси Акар, пренесе Анадолија.

– Странскиот авион, соборен од Турција во близина на сириската граница денеска, го нарушил воздушниот простор, и покрај тоа што бил предупреден десет пати во интервал од пет минути, соопшти турската армија во соопштение.

Поврзани новости