Средба на Зеленски со Абазовиќ и Рама, преку видео врска се приклучи и Ковачевски

by Fokus

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Зеленски на Телеграм објави дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија.

– Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата.

Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија.

Во Изјавата се наведува дека на следниот Самит на ЕУ е неопходно да се донесат политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат за мир, стабилност и просперитет.

 

Поврзани новости