Средба Димитров-Дачиќ: Границите најверојатно ќе се отворат овој месец, се зависи од состојбата со ковид-19,

by Fokus

Овие денови ќе се донесе конечна одлука за отворање на границите. Но министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека е неблагодарно да се предвидува кога ќе се случи тоа, поради непредвидливоста на ситуацијата со пандемијата.

„Ќе разговараме поинтензивно овие денови и во рамките на ситуацијата со вирусот и ситуацијата во регионот, овие денови треба да пресечеме и да ја донесеме таа одлука. Мислам дека таква одлука треба да се очекува во текот на овој месец јуни, иако е малку неблагодарно ова да се предвидува со оглед на непредвидливоста на пандемијата“, изјави Димитров.

Темата за отворање на границите меѓу двете земји била една од неколкуте за кои тој и Дачиќ разговарале.

„Имајќи предвид дека ниту Србија, ниту Северна Македонија не се изолирани острови и сите тие одлуки е важно да ги систематизираме и да знаме во регионот кој какви прописи има, бидејќи тоа луѓето пред се ги интересира. За нас е битно како и во кој правец ќе се одвива нашата комуникација со Северна Македонија и дали луѓето ќе може да патуваат, поради што на состанокот беа присутни и епидемиолози, од чии ставови зависат и нашите политички одлуки во поглед на границите“, кажа Дачиќ.

 

Поврзани новости