Средба Димитров – Бејли: Што побрзо зачленување во НАТО

by fokus

Новиот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров денеска го прими амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Од МНР велат дека двајцата разговарале за тоа како да се унапредат билатералните односи помеѓу Македонија и САД и да се продлабочи соработката на сите нивоа кои се од заеднички интерес.

„Министерот Димитров нагласи дека новата Влада е бескомпромисно ориентирана кон реализирање на неопходните реформски процеси во општеството и создавање на предуслови за одговорно владеење и независни институции коишто, пред сè, би работеле во функција на потребите на сите граѓани на нашата држава. Притоа, подвлече дека јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис ќе бидат најдобри аргументи за забрзана евроатлантска интеграција на земјата.

Во тој контекст, посебно беа акцентирани силната посветеност и заложбите на новата Влада за што поскоро остварување на полноправно членство на Република Македонија во НАТО, односно за забрзување на процесот на евроатлантската интеграција на нашата држава. Министерот Димитров укажа дека што побрзо зачленување на Република Македонија во Алијансата, ќе има и исклучително значење и за безбедноста и просперитетот на регионот во целина“, соопштија од МНР.

Поврзани новости