Иницијатива за продолжување на породилното отсуство

by fokus

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието денеска расправаше за предлогот да се промени Законот за работни односи за да се продолжи породилното отсуство.

Предлогот доаѓа од граѓанска иницијатива која бара продолжување на породилното отсуство од сегашните девет на 18 месеци.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски истакна дека самата иницијатива има техничка грешка бидеќи наместо да се бара промена на член се бара промена на закон за породилно отсуство, кој не постои во земјата. Сепак тој додаде дека во однос на содржината би дале поддршка.

Од парламентарното мнозинство најавија дека наскоро ќе донесат пакет закони со кои ќе се унапредат работничките права, а меѓу нив е и менувањето на Законот за работни односи.

Претставничката на иницијативата Снежана Кузмановска истакна дека пропустот е ненамерна грешка.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ исто така даде поддршка за иницијативата. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека за нив таа е уредна и тие ќе ја прифатат.

Поврзани новости