Груевски во посета на Брисел

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во посета на Брисел каде се сретна со лидерот на најбројната партија во Европскиот парламент, Жозеф Дол.

Во фокусот на дводневната посета на Груевски во Брисел било лобирањето за евроатланскиот процес на земјата.

„Ги реафирмирав нашите позиции за членство во НАТО и ЕУ, и сакам да укажам на тоа дека Македонија предолго чека, дека тоа не е добро за државата, ниту за регионот. Укажав на сите значајни моменти, и на тоа да се размисли за што побрзо поканување на Македонија да ги одпочне преговорите“, изјави Груевски по средбата со Дол.

Груевски е во Брисел на покана на Европските народни партии, а денеска тој имаше и обраќање на конференцијата за Западен Балкан, која се одржува во Европскиот парламент.

Предвидено е и во текот на утрешниот ден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да оствари повеќе билатерални средби со европратеници, а предвидена е и средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Поврзани новости