414
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето се сретна со Амбасадорот на САД, во Скопје, Џес Бејли. Тие двајцата на средбата разговарале околу политичката криза во Македониија по разговорите во Брисел.
Претседателот Ахмети истакнал дека договорот од 2-ри јуни треба да се почитува од страна на сите потписници и треба да се прават напори за прецизно спроведување. Договорот предвидува зајакнување на институциите, и зголемување на кредибилитетот и интегритетот на системот што е предуслов, но и европски стандард.
– Партиските лидери треба да се надминат себеси и партијата која ја претставуваат и да започнат да размислуваат за земјата, граѓаните и иднина – се наведува во соопштението.
Во врска со објавувањето на прислушкуваните разговори, Лидерот Ахмети останува на истиот став, но разговорите не смеат да бидат намерно извлечени од контекст и да се опишат непостоечки атрибути бидејќи на тој начин се менува суштината и значењето на разговорот.