БЕСА: ДУИ можат да бидат и „покаури од каурите“, но не и претставници на Албанците

by Фокус

Движењето БЕСА денеска реагираше на вчера објавената „бомба“ од СДСМ посветена на албанскиот коалиционен партнер во Владата, ДУИ. Од БЕСА велат дека после ова, ДУИ можат да бидат успешни бизнисмени, иако, како што велат од Движењето, несовесни, можат да бидат лобисти за српската кауза, можат да бидат и „покаури од каурите“, ама во никој начин не можат да бидат политички претставници на Албанците.

-Затоа, Движењето БЕСА го информира комесарот Хан, но и целата меѓународна јавност, дека политичарите од ваков калибар, како и тие кои им служат на Шефот „до смрт“, во никој случај не можат веќе да се сметаат за претставници на Албанците и секоја одлука кој ќе се донесе од нивна страна, ќе биде неприфатлива за Албанците затоа што е постигната под уцена на овие прислушкувани материјали било од страна на Груевски или Заев, се вели во реакцијата на БЕСА.

Тие додаваат дека претставниците на ДУИ им должат на Албанците одговор на следниве прашања:

  • Али Ахмети треба да им објасни на Албанците кои се тие „големи работи“, со кои се занимава тој, освен продажба на парцели со Бекир Асани;
  • Дали Али Ахмети е подготвен да сруши едно албанско село само за задоволство на Груевски;
  • Али Ахмети и Муса Џафери треба да им објаснат на Албанците зошто било толку незначајно Министерството за одбрана и која е таа логика што мисли дека образованието е неважно за Албанците;
  • Ако го сметаат Артан Груби за таков каков што сами го опишуваат, Али Ахмети и Муса Џафери треба да објаснат дали го држат за тоа што тој е таков или пак имаат некоја друга причина, досега непозната за јавноста;
  • Али Ахмети треба да објасни како се монтираат тендери на економската зона во Полог, која е опустошена;
  • Ако за неуривање на еден објект би му плаќале на Сашо Мијалков 100.000 евра, Али Ахмети треба да објасни по колку им плаќале на Шефот за други случаи;
  • Али Ахмети треба да ни објасни зошто не измамил дека не знае македонски јазик, бидејќи вчера се виде дека и не е толку слаб – иако не знае што е „именден“, сепак едвај асоцираше со „Имер“;
  • Али Ахмети и Муса Џафери треба да објаснат дали Рамиз Мерко еволуирал или уште е на нивото во кое тие го опишуваат;
  • Али Ахмети треба да објасни дали останал уште некој активист од ДУИ кој не предава во Државниот универзитет во Тетово;
  • Муса Џафери, преку својот личен пример, треба да објасни како Албанецот станува „покаур од каурите“;
  • Фатмир Бесими треба да им објасни на Албанците која била „големата албанска мисија“ во средбата со бившиот српски претседател Тадиќ.

Поврзани новости