Меџити: Заев да не ја искривува вистината за политички потреби

by Фокус 14:48
14:48
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска раегираше за „бомбите“ што вчера ги објави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, во кои објави прислушувани разговори за „интегративците’. Тој тврди дека тие побарале од Заев да објави се што има за нив. Целата изјава ви ја шренесуваме инегрално:

Али Ахмети и сите ние рековме исто така изјавиме дека нема да биде никој кривично гонет, ниту за прислушкувањето кое ни е извршено ниту пак за објавувањето.

- Advertisements -

Но, ова не подразбира намерно искривување на вистината за политички потреби и за креирање на омилено јавно мислење.

Ова канцеларија пред нас Т.Ц Мавровкка е имот на ДУИ и тенденцијата за презентирање на напорите на Претседателот Ахмети за продажба на партискиот имот како кривично дело за корупција, носи сомнежи дека -“Вистината за Македонија”, не е во прислушкуваните разговори, туку во презентирањето и тенденциозните талкувања.

Овие документи кои ви ги презентирам денес покажуваат дека овој објект е во сопственост на Демократската Унија за Интеграција која за жал никогаш не беше ставена во служба на партијата затоа и решивме да го продадеме, па со средствата да обезбедиме мали канцеларии за ограноците на ДУИ.

Бизнисменот споменат во нелегалното прислушување како потенцијален купувач е Фатмир Моладаути.

Затоа денес тврдиме дека наводните злосторсва и вчерашните обвинувања постојат само во најавите на прислушкувањата а не во слушнатите разговори.

ДУИ останува на ставот да се објаватат сите евентуални материјали за наводна злоупотреба на власта, но бара да не се прави намерно погрешно толкување за да се доведе во заблуда јавноста.

Објавувањето на приватните разговори, личните внатрепартиски проценки како и евентуална клевета не и помогнаат на демократијата во Македонија и не се од јавен интерес, спротивно, “Вистината за Македонија” треба е спроведувањето на договорот од 2 јуни и ставање на националните интереси пред партиските.

11639741_10207225823829077_1079171467_o

11639347_10207225822349040_2094919284_o11421594_10207225823549070_292098969_n

Поврзани новости