Србов: Заев го поттикнува подземјето, изборна кампања веќе е крвава

by Фокус

Поттикнато од политиката на Зоран Заев, подземјето започнува се побрутално да се пресметува со луѓето од спротивниот табор, обвини Никола Србов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е атмосферата во која се одвива оваа изборна кампања, која е извалкана со крв и инциденти уште во првата недела. Престрелки и повредени се бројат после само неколку дена кампања – рече Србов.

Тој го посочи случаите со пукањето врз независниот кандидат за градоначалник на Кичево Абази, со инцидентот на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ за Кавадарци Јанчеви и полицијата, демолирањето на штаб на ВМРО во Кисела вода и др.

Поврзани новости