Србин тврди дека посредува при набавката на руските вакцини, власта демантира

by Фокус

Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија, во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за БиХ, Бугарија, Алжир, но и за Македонија. Лакушиќ изјави дека поседува договор за застапување на овие четири земји потпишан со инвестицски фонд од Русија. Досега, како што вели, БиХ веќе има нарачано пола милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.

-Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“, која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно  и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година – вели Лакушиќ, истакнувајќи дека во Србија има проблеми со српското правосудство, бидејќи бил бил мета на власта на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од македонското Министерство за здравство, пак, демантираат дека земјава преку „посредник – српски државјанин“ ја набавила вакцината против „Спутник В“, која е производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Од таму тврдат дека имаат директен канал со производителот.

„Набавката на вакцината од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В. За набавка на вакцини против ковид 19 нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот“, стои во реакцијата на МЗ.

Поврзани новости