Србија се полни со оружје и воена опрема

by Fokus

Информациите од српското Министерство за одбрана покажуваат дека од 2014 до 2018 година, балканската држава добила најголема воена помош од Соединетите држави , јавуваат локалните медиуми.

Според белградскиот весник „Блиц“, Белград добил 10 милиони американски долари од опрема и пари .

Втор на донаторскиот список е Кина, која донирала 5,2 милиони евра, а потоа следува Норвешка со 586.000 евра, Данска со 484.860 евра и Велика Британија со 169.000 фунти.

Најголемата донација , во тој период дошла од Соединетите Држави – симулатори за воени операции во вредност од 1,4 милиони долари и повеќенаменската опрема за обука. Покрај тоа, Вашингтон донираше и 12 термални двогледи и 360 радиолошки сензори во вредност од 814.567 долари.

Сепак, Русите на крајот ги поклопија сите. КАо што пишува Блиц  машините БРДМ-2, кои се дел од донација  на Русија , 30 тенкови Т-72 и 30 БРДМ-2, како и руските авиони, не се на списокот на српското Министерство за одбрана бидејќи донациите се во последните пет години.

Поврзани новости