Србија нема да воведе санкции против Русија, соопшти Вучиќ

by fokus

Србија го почитува и го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции против Русија, соопшти српскиот претседател, Александар Вучиќ.

-Бевме соочени со бројни проблеми и сакам да им соопштам на граѓаните дека бевме соочени со бројни притисоци. Одлуката ја донесовме со ладни глави и во интерес на Србија со почитување на меѓународните права, но и интереси за зајакнување на државата, рече Вучиќ.

Советот за национална безбедност ги донесе следните заклучоци:

-Република Србија најискрено жали за се што се случува во Источна Европа

-Обврзани сме на почитување на начелата на територијален интегиртет на државите

-поаѓајќи од Уставот, Србија се залага за почитување на територијалниот интегритет на другите држави

-На Република Србија не може да се упати било каков приговор

-дава поддршка за почитување на територијалниот интегиртет на Украина

-Србија го смета за погрешно кршењето на територијалниот интегиртет на било која земја, вклучувајќи и Украина

-Србија постојано се залага за зачувување на мирот во регионот. Зачувувањето на мирот претставува витален интерес на српскиот народ

Србија при разглдувањето се раководи од заштитата на своите витални и државни интереси и смета дека не  е од значење во овој момент да се воведат сакнции за било која држава вклучувајќи ја и Русија.

Минситерството за надворешни работи ќе ги преземе со законот предвидените мерки да ги заштити српските граѓани кои престојуваат во Украина

-Државните органи ќе ги преземат сите мерки да спречат доброволци да учествуваат за судирот на истокот на Европа

-Србија ќе пруже хуманитарна помош за оштетените народи

-Србија ќе ги преземе сите мерки да ги обезбеди сите намирници и енергенти, се дел од заклучоците кои ги соопшти Вучиќ.

 

 

Поврзани новости