„Србија нема да стане паркинг за мигранти“

by Фокус

Српската комесарката за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека во моментов во Србија има околу 5.500 мигранти. Таа воедно порача дека Србија нема да стане „паркинг“ за мигрантите, кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Пакистан.

-Нема да станеме земја за илегална миграција…Србија не е крајната дестинација на мигрантите – рече таа.

Таа додаде и дека во Србија во моментов има околу 3.500 бегалци од Украина.

Поврзани новости