591
Студијата за руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека луѓето кои го примиле овој препарат како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во наредните три месеци, изјави директорката на центарот „Гамалеја“ Александра Гинцбург за телевизијата „Русија 1“.
„75 отсто од вакцинираните (Спутник V) имаат антитела кои го неутрализираат сојот омикрон. Ако ја погледнете крвната плазма на луѓето кои примиле бустер Спутник Лајт, можете да видите дека тие имале 100 отсто антитела кои го неутрализираат вирусот во три месеци по примањето“, рече таа.