Сцени од Скопје ги збунија Србите

by Fokus

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Светосавската академија, која се одржа на 27 јануари во Скопје по повод Националниот празник на Србите во Македонија, а организаторите за да го надоместат недостигот од гости, дојдоа до идеја да постават картонски фигури од Свети Сава на празните столчиња.

Поради актуелната епидемија на коронавирус, голем број луѓе не можеа да присуствуваат на настанот, па салата не можеше да се наполни до последното место.

Официјалните фотографии од настанот го обиколија регионот, посебно Србија. Темата на свеченоста секако била испочитувана, во салата доминирал ликот на Свети Сава, но останува нејасно зошто организаторите се одлучиле за оваа стратегија.

Поврзани новости