СПУКМ: Не ја поддржуваме окупацијата на факултетите, затоа што е контра правно

by Фокус

Најстараta студентска организација во Македонија, Студентскиот парламент при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ), вечерва соопшти дека не ја поддржува иницијативата за окупација на факултетите. Од СПУКМ велат дека досега ги многупати ги поддржале активностите на Професорскиот и Студентскиот пленум, како што беа протестите, но окупацијата на универзитетот немало да наиде на поддршка

– Сметаме дека е контра правно да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство, истовремено спречувајќи ги другите студенти нормално и редовно да учествуваат на наставата. Учеството на наставата е остварување на правото на образование, а да потсетиме дека во правните акти (Уставот, законите, конвенциите) рамката на слободата за остварување на правото бива спречена од судирот со поединец или група кои имаат слобода на остварување на права повторно се дури не ја загрозат слободата на другиот/другите – реагираа од СПУКМ.

Понатаму, во долгото соопштение кое СПУКМ го објави на официјална фан страница на Фејсбук, се вели дека нивната организација не е продолжена рака на политичката гарнитура на власт и дека, како што велат, на нивно големо разочарување оние професори кои јавно барале да не се става партиски префикс пред нивниот идентите и активности  истото тоа го правеле со студентите.

-Професори кои апелираа премиерот да не ја дели академската заедница и тврдеа дека сите кои се посредно или непосредно засегнати од ново настанатата состојба во високото образование се на една иста страна. За да понатаму истите тие професори, јавно повикуваат да се избрише постоењето на СПУКМ како студентска организација кое освен што е официјална постои со децении и која ги преживеа сите веќе видени фрактури во студентската организација. После ова имаме проблем да разбереме како поединци професори кои до неодамна сме ги гледале како рационални авторитети кои имале слобода да го детерминираат нашиот вредносен систем, нашиот научен профил и личносните аспекти од човекувањето можат да манифестираат однесување кое индицира не само постоење на длабока хипокризија, туку и шизматичност во однесувањето што е погубно како во професионален така и во персонален аспект – се вели во соопштението.

Од СПУКМ апелираат сите да бидат воздржани и смирени, што според нив, не значи апатични и индиферентни и да не се посегнува во разорување на универзитетската заедница бидејќи последиците во футуристички поглед би биле погубни за секој од нас, како и сите кои се обидувале да го дисквалификуваат СПУКМ со интенција да се наметнат како легитимна студентска организација, наместо да ширеле небулози во јавноста, да разговарале и да се обединеле со нив во заедничката борба што ја воделе за подобрување на квалитетот во високото образование и штитење на интересите на студентите.

 

Поврзани новости