Заев: Само Латас е подолго прислушуван од мене

by Фокус

„Мене ме следеле 48 месеци од УБК“- повтори Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М. Но, дополни, дека рекордот е на новинарот на Сител Драган Павловиќ Латас кој бил подолго сниман од безбедносните служби.

„Само Латас е подолго следен од мене. Но, не знам зошто. Можеби власта не му верувала што работи“- откри Заев.

Во одно на неговите сопартијци лидерот на СДСМ пренесе дека Радмила Шекринска и Стево Пендаровски биле најдолго прислушувани. Од лидерите на албанските партии не можеше да издвои кој бил најпримамлив за следедње, односно потенцираше дека и лидерите, но и други политичари Албанци се следени подеднакво.

Иако уште не се објавени точни бројки, сепак се знае дека СДСМ поседува материјали за прислушување голем број новинари, меѓу кои и провладини, но и политичари, судии, адвокати, професори, верски лидери, НВО активисти…

 

Поврзани новости