Т-Мобиле: Не прислушуваме, работиме според законите

by Фокус

„Како и секогаш, Т-Мобиле Македонија работи во согласност со законите на Република Македонија. Ги почитуваме законските норми пропишани со Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации каде во член 175 детално се наведени правата и обврските на телекомуникациските оператори во однос на следење на комуникациите.Т-Мобиле Македонија не ја нарушил, ниту ќе ја наруши приватноста на своите корисници.“

Вака реагира мобилниот оператор Т-Мобиле, откако деновиве слушнавме разни изјави дека мора да постои соработка со мобилен оператор за да се изврши масовно прослушкување.

Реакциите доаѓаат по објавувањето на прислушувани разговори на министри, лидери на политички партии, меѓу кои и претседателот на СДСМ, Зоран Зев.

Прислушуваните разговори ги објави Зоран Заев на прес конференција во понеделникот.

Поврзани новости