Славески чека на Арсовска да се изјасни за барањето за вонредна седница

by Fokus

Поднесеното барање до Советот на Град Скопје од Советничката група на СДСМ и коалицијата за свикување итна вонредна седница за загадувањето на воздухот е некомплетно, бидејќи не е задоволен условот од Статутот и Деловникот на Град Скопје, дека барање за вонредна седница можат да поднесат најмалку 15 или една третина од членовите на Советот, изјави денеска претседателот на скопскиот градски Совет, Трајко Славески.

Сепак, според него, иако не е исполнет овој услов, барањето итно го препратил до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со молба за мислење по сите седум иницијативи предложени како точки на дневниот ред.

– Синоќа со порака од градоначалничката Арсовска, бев известен дека во текот на денешниот ден треба да добијам, како претседател на Советот, мислења на Град Скопје по изнесените барања, вели Славески, додавајќи дека досега нема добиено такво мислење.

Поврзани новости