Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја преспа вакцинацијата

by Fokus

ВМРО ДПМНЕ како што ги преспа, двата силни брана на Ковид 19, според тврдењето на нивниот лидер Мицкоски, продолжува да спие и за време на вакцинацијата на населението, велат од владејачката СДСМ.

„Да не спиеше ВМРО ДПМНЕ ќе знаеја дека 800.000 дози вакцини купени од производителот Фајзер, се испорачуваат во нашата земја од пред 5 месеци, и тоа секој понеделник.

Ако не беа на одмор ВМРО ДПМНЕ ќе знаеја дека 200.000 купени вакцини од кинескиот производител Синофарм, веќе се искористени за вакцинација на граѓаните. Да не спиеја ВМРО ДПМНЕ исто ќе знаеја дека од март почна испорака на вакцини кои ги купивме и преку Ковакс механизмот.

Ако ВМРО ДПМНЕ не хибернира ќе знаеја дека во тек е имунизација на граѓаните и со вакцини што ги купивме од производителот Синовак и тоа 500.000 дози вакцини. ВМРО ДПМНЕ нека продолжи да спие, во моментов во државата аплицирани се околу 700.000 дози вакцини.

Не очекуваме дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните да излезат и да се вакцинираат во што поголем број, затоа што на ВМРО ДПМНЕ единствено им е важно собирање ситни политички поени, а не здравјето на граѓаните“, додаваат од СДСМ.

Поврзани новости