Поради младите, Шпанија го враќа полицискиот час

by Fokus

Шпанските власти во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата.

Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на епидемијата, ограничуваат собири на 10 лица и ги враќаат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион на Астуриас забрани работа на барови.

Поради почетокот на летото и забавите организирани со цел да се одбележи крајот на учебната година, бројот на заразени со Ковид-19 во Шпанија сега е повеќе од трипати поголем меѓу младите од 30 години во однос на просекот.

Поврзани новости