Според Груевски само тој и ВМРО-ДПМНЕ се Македонија

by fokus

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски единствено тој и неговата партија се Македонија. Ова тој го порача на вечерашниот митинг во Гази Баба.

-Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: „ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО“. Не го трошете вашето време. Ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски рече дека не бараат само победа за претстојните избори, туку дека размислуваат и имаат проекти за следните две децении.

 

Поврзани новости