Од први јануари припадниците на АРМ ќе добијат 10 отсто повисоки плати

by fokus

Сите припадници на Армијата на Република Македонија од јануари 2018 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти, инфоримираше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која заедно со министерот за финасии, Драган Тевдовски, денеска ја посети касарната во Штип.

-После долги преговори што ги водевме и во Владата и со министерот за финансии, успеавме да обезбедиме не само повеќе средства за одбраната во 2018, туку и да обезбедиме доволно средства за сите припадници на армискиот состав, оние кои се во служба на армијата од јануари 2018 добијат покачување на плата во износ од 10 проценти, рече министерката Шекеринска.

Таа посочи дека долга низа години не се инвестирало доволно во условите за работа во Армијата и дека со право припадниците на Армијата критикувале дека биле заборавени и занемарени.

Поврзани новости