Петровски: СДС воведе цензура од севернокорејски тип за секое поинакво мислење

by fokus

Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ вовела цензура од севернокорејски тип за секое поинакво мислење и за секој автор или дело што не му се допаѓа на Заев.

-СДС целосно ги партизира и парализира културните институции. Неговата политика е длабоко навлезена во културата. Министерот Алаѓозовски и неговиот ментор Заев поставија луѓе на одговорни функции во институциите, кои не ги исполнуваат обврските што ги имаат, туку се ставени во целосна функција на партијата. СДС за само 4 месеци направи хаос во уметноста и ја врати Република Македонија во 1949 година. СДС воведе цензура од севернокорејски тип за секое поинакво мислење и за секој автор или дело што не му се допаѓа на Заев“, рече Петровски.

Тој додаде дека политичкото самоволие на СДС во културата покажува дека за него државата и партијата се едно.

Поврзани новости