Според Груби, Охридскиот рамковен договор има почеток, но нема крај

by Fokus

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби беше денес присутен на панел дискусијата на тема: “По две децении, дали Рамковниот Договор е тесен за едно општество целосно отворено и еднакво“ организирано од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на програмата на активностите за одбележување на 20 годишнината на Охридскиот рамковен договор.

Во неговиот говор, Груби ја потенцираше извонредната улога на Универзитетот на Југоисточна Европа од неговото основање со кадрите коишто му ги дала на земјата за имплементацијата на принципите на Охридскиот договор пред се за обезбедување на еднаквоста и на правото на високото образование на мајчин јазик , сметајќи ја и како нејзин заштитник на човечките и научните капацитети за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

„Навистина денес ја одбележуваме 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, но самиот договор е процес кој има почеток но нема крај. Токму овој денешен јубилеј е и најдобрата можност за изразување на институционална, колективна и персонална благодарност кон сите мажи и жени кои го започнаа овој процес уште од 1991 година и за една цела деценија направија континуирани напори за еднаквост, заедно со тие мажи и жени кои го забрзаа процесот во 2001 година и следствено го усвоија нормативниот дел од процесот наречен Охридски мировен договор до моите денешни колеги со кои заедно ја имаме обврската за нејзината имплементација и да не застанеме во ниту еден момент унапредувајќи ја таа еднаквост во сите сфери од животот“, истакна Груби.

Поврзани новости