Споменик висок над 20 метри во чест на УЧК „никна“ во Слупчане

by fokus

Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри, во понеделник, на 2 мај ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане, а ќе биде посветен на борците на УЧК.

Изградбата на овој споменик беше најавена уште минатата година на 2 мај, кога ДУИ го слави како Ден на бранителите.

Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.

– За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува Арифи.

„Фокус“ уште лани пишуваше дека општина Липково ќе потроши речиси 200.000 евра за изградба на спомен кула во Слупчане, во чест на ОНА.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 20-годишнината од воениот конфликт, положи свежо цвеќе, со ветување дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, изјави Ахмети.

 

Поврзани новости