Полицајци го донесоа екс градоначалникот Трајковски на судењето за „ТНТ“

by fokus

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, денеска беше стражарно спроведен во Кривичниот суд, односно во придружба на полиција, како обвинет во случајот „ТНТ“.

Наредбата за стражарно спроведување, односно Трајковски од својот дом до судот да биде донесен со полициски службеници, ја издал судот. На ова реагираше адвокатот Боро Тасевски.

-Протестирам за примената на репресивни мерки за присилно приведување на Трајковски. Во два наврати писмено, со медицинска документација, го известивме судот за неговата здравствена состојба, рече Тасевски.

Трајковски истакна дека секогаш бил редовен, и додаде дека во наредниот период ќе го информира судот за неговите лекарски третмани кои ќе следуваат.

Тој го уверуваше судот дека навистина имал здравствени проблеми и дека не се обидувал да ја одолговлекува постапката.

На денешното рочиште ќе бидат испрашани неколку сведоци продложени од одбраната.

В.В.

Поврзани новости