Спој на традиционална италијанска мода и современи трендови: Chapter 3 на Денови на италијански дизајн!

by Fokus

Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3 годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн.

Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и и беспрекорен дизајн, од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni i Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз во рамки на модната ревија во Ист Гејт Мол, која го означи стартот на 28-ми Моден викенд, со светско познати италијански брендови за облека и очила за сонце.

Годинешното одбележување во знакот на врвните италијански модни брендови застапени во Македонија, се одвива под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“.

Новите парчиња накит се веќе достапни во продажните салони Chapter 3 во Ист Гејт Мол, во Рамстор и новиот, во Сити Мол, кои изгледаат навистина светски.

Настанот е под покровителство на Амбасадата на Република Италија во Скопје, ITA – Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и визионерскиот Моден Викенд Скопје. Претставува своевиден дијалог помеѓу културите и поттикнувач на иновациите.

-Во Италија, дизајнот не е само индустрија, тој е одраз на нашиот културен етос, каде што убавината и софистицираноста беспрекорно се спојуваат со иновациите и одржливоста. Нашата посветеност на дизајнот е патување кон создавање предмети кои не само што се естетски привлечни, туку се проткаени со материјална вредност – изработени преку процеси кои го почитуваат нашето наследство додека ја прифаќаме иднината. Италија, со својата водечка позиција во светот на дизајнот, ги прикажува производите што ја отелотворуваат душата на занаетчиството и напредниот марш на иновациите-порача амбасадорот Андреа Силвестри на свеченото отворање завчера, во Ист Гејт Мол.

До крајот на март ќе трае приказната на 28-то издание на Моден викенд Скопје, за која дизајнерите и брендовите допринесуваат да се покаже интегрирањето на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости