Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на МТСП

by Fokus

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката  за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финанасиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците  на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година,  а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

 

Поврзани новости