417
Специјалното јавно обвинителство за денеска во 11 часот закажа прес конференција за медиумите, соопштија од Обвинителството. На оваа прес конференција се очекува да биде презентиран нов случај, односно дел од резултатите од нова предистражна постапка која ја води Специјалното обвинителство.
Досега беа претставени случаите Титаник, Тортура, Тврдина и Транспортер, а од сите барања за притвор само едно е одобрено и тоа за случајот „Транспортер“. Во притвор заврши и началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, но по шест дена мерката беше преиначена во домашен притвор.