Специјалното обвинителство ќе го истражува досието со фалсификуваните лични карти

by lali

Специјалното јавно обвинителство ќе отвори предистражна постапка за кривичните дела поврзни со изборни нерегуларности, соопшти на прес конференција Ленче Ристоска, член на тимот специјални обвинители. Досега ова обвинителство утврдило дека ја има стварната наделжност во однос на делата од областа со изборните нерегуларности и затоа уште веднаш ќе се започне со предистражни дејствија. Обвинителката не прецизираше колку кривични дела опфаќаат тие нерегуларности и не сакаше да зборува кој би бил евентуално одговорен. Инаку опозицијата во кривичните пријави како одговорни ги има наведено Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.

На новинарско прашање  дали ова значи дека скандалот со фалисификуваните лични карти, сторија што ја објави Фокус, ќе биде дел од овој корпус кривични дела, Ристоска објасни дека во моментов тој предмет е во Основното јавно обвинителство, но дека првичните идниции укажуваат дека и тој произлегува од незаконски прислушуваните материјали и дека во најскоро време ќе биде преземен на работа во Специјалното обвинителство.

Обвинителката дополонително информираше дека е преземен и предметот „Пуч“, но без притоа да ги објасни законските можности на специјалното обвинителство, како ќе постапува во овој предмет, откако претходно ќе мора да се прогласи за стварно надлежно, исто како во предметите со изборните нерегуларности. Истиот одговор, дека прво мора да ја утврдат стварната надлежност,  обвинителката го имаше  и на другите новинарски прашања поврзани со други предмети и кривични дела кои произлегуваат од аудио снимките, па затоа не можеше да соопштува детали.

На првата прес конференција беше откриено дека во моментов специјалното јавно обвинителство има ангажирано само двајца истражители, но дека очекува тимот да се дополни со уште 11. Во врска со Законот за јавнообвинителска служба беше посочено дека тоа не е во доменот на специјалното обвинителство, туку дека постои законска продецура која зависи од други државни органи. Но, изразија очекување дека набрзо и тоа прашање ќе биде надминато.

Обвинителката Ристоска во однос на досеието „Ровер“ информираше дека се уште до нив не се доставени никакви материјали и никакви аудио снимки, но го повикува Бошкоски доколку нешто поседува да им се обрати.

Поврзани новости