Полицајци од други земји ќе и помагаат на македонската полиција

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска соопшти дека во текот на наредната недела полициски сили од други земји ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница како помош на македонската полиција.

-Изминативе десетина дена разговарав со повеќе мои колеги премиери од земјите кои се потенцијално загрозени од економските мигранти: Србија, Унгарија, Хрватска, Словенија… Зборувавме тие да испратат полициски сили кои ќе се придружат на нашите полицајци, од нашата страна на границата, со цел заедно да се справуваме со предизвиците. Добивме позитивни одговори од голем број од нив, па очекувам во текот на следната недела да почнат да доаѓаат првите полициски сили, изјави Груевски.

Премиерот рече дека македонската Влада е во комуникација со грчката, но таа комуникација е на пониско ниво. Груевски смета дека со доаѓањето на силите на Фронтекс на грчката страна од границата, ќе им се олесни работата на македонските полицајци и ќе се стави ред во мигрантската криза.

Поврзани новости