Тројца обвинители на Специјалното јавно обвинителство се уште се во просторите на УБК и нема да заминат се додека не се спроведат двата судски налога, со кои тие вчера во 15 часот влегоа во седиштето на тајната полиција. Како што објасни обвинителката Ленче Ристоска, со едната судска наредба се бараат податоци за лица кои биле опфатени со посебни истражни мерки (ПИМ) од 2008 до 31.12.2015 година, како и Книгата на евиденција за тие мерки.
-По првата наредба веќе се постапува. Има многу документација за одземање, вели Ристовска.
Втората судска наредба се однесува за одземање комјутерски податоци, по прашањето кои броеви биле предмет на следење на телефонските комуникации, односно кој се бил прислушуван.
-Само на тој начин може да се направи споредба дали има совпаѓање меѓу наредбите за ПИМ и следените комункикации, велат од СЈО.