Прес- конференцијата на СЈО се поместува за во 12 часот

by fokus

Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека закажаната прес конференција за денеска се поместува за еден час, односно ќе се одржи во 12 часот во просториите на обвинителството.

На прес конференцијата се очекува обвинителите на СЈО да одговорат на прашања поврзани со истрагата што во моментот ја вршат во просториите во УБК, и со опструкциите со кои се соочуваат.

Сепак, СЈО денеска ќе објави и две нови истраги, а како што се пишуваше во медиумите деновиве, најверојатно тимот на Јанева ќе ги обелодени сомневањата за криминални активности поврзани со „Сончев град“, случај кој го истражува повеќе од пет месеци, како и за еден од поголемите објекти на „Скопје 2014“.

Поврзани новости